Барса денес ја испраќа последната понуда за Нејмар!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Летниот преоден рок наскоро завршува, а се уште не е решена иднината на Нејмар.

Бразилецот е главна тема на трансфер пазарот и долго време се шпекулира дека за него се заинтересирани Барселона и Реал Мадрид, но засега нема конкретни информации.

Неколку понуди заминаа на адреса на ПСЖ, кои вклучуваа пари и некои фудбалери на Барселона, меѓутоа „светците“ ги одбија.

Француските медиуми пишуваат дека управата на Барселона денес имала состанок на „Камп Ноу“, па се договорила да испрати последна понуда.

Каталонците мора да понудат околу 170 милиони евра на ПСЖ, а доколку е тоа во форма на позајмица, тогаш откупната клаузула мора да биде задолжителна на крајот на сезоната.

Исто така, Каталонците треба да вклучат фудбалер во понудата, а најмногу се споменува Осман Дембеле, кој сака да го напушти „Камп Ноу“.

Ова е клучна недела, па доколку трансферот не се реализира во следните неколку дена, тогаш Нејмар ќе остане во Париз.