Барбадос се откажа од кралицата Елизабета – сака целосно да го напушти колонијалното минато и да стане република


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Барбадос сака да ја тргне британската кралица Елизабета од чело на државата и да стане република, соопштуваат властите на оваа карипска држава.

Поранешната британска колонија, која се стекна со независност во 1966 година, ја задржа официјална врска со британската монархија, како и некои други земји кои некогаш биле исто така дел од британската империја.

„Дојде време во целост да го напуштиме своето колонијално минато“, рече гувернерката на Барбадос, Сандра Мејсон, во говорот во име на премиерката Миjа Мoтли.

„Жителите на чело на државата сакаат да видат некој од Барбадос. Тоа е краен израз на доверба во тоа кои сме и што можеме да постигнеме. Затоа, Барбадос ќе го направи следниот логичен чекор кон целосен суверенитет и до 55-годишнината од независноста ќе стане република“, рече гувернерката.

Годишнината од независноста ќе се слави во ноември следната година.