Home Актуелно Времето денес…

Времето денес…

Денешниот ден во Македонија носи сончево време, со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во југозападните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од седум до 15, а максималната ќе достигне од 24 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, попладне со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 30 степени. Маврово 24,Охрид, Битола и Крива Паланка 28, Берово 27, Кавадарци 31, Дојран 32.

В петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен северен ветер, а во јужните делови ќе има услови за крткотраен локален дожд. Потоа следува период на стабилно време со пониски утрински температури.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…