Балотели има совет за „својот“ Милан: Купете го Икарди!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ден после големото милански дерби помеѓу Интер и Милан се огласи напаѓачот Марио Балотели и им даде совет за „росонерите“.

Балотели во кариерата играше за двата милански гиганти, но познато е дека тој е голем навивач на Милан.

Сепак, синоќа после натпреварот тој го призна поразот и го пофали Мауро Икарди. Валотели на Инстаграм објави слика од напаѓачот на „нероаѕурите“: „Комплименти за ова момче, навистина одличен Мауро Икарди“.

Притоа Балотели им даде и совет на „росонерите“: „Можеби Милан ќе се разбуди и ќе го купи него“.