Актуелно

Влада: Граѓаните, институциите и политичките субјекти спроведоа фер и демократски избори

Граѓаните на Република Македонија извојуваа уште една победа за демократијата. Слободно, врз основа на слободното политичко убедување и на сопствената волја, излегоа на гласање на локалните избори 2017 годин, и го остварија своето уставно загарантирано право, соопшти владата на Република Македонија.

„Во исто време, сите институции одговорни за спроведување регуларни избори беа на висината на нивните професионални задолженија и обврски, и ги реализираа сите неопходни активности за спроведување на изборите“, се вели во соопштението.

Владата на Република Македонија им упатува честитки на граѓаните, на политичките субјекти и на институциите на Република Македонија задолжени за спроведување на изборите, кои докажаа дека имаат неопходни и високи демократски капацитети да организираат услови за фер и демократски избори.

To Top