Home Актуелно Балканска сељачана: Бугарски новинар Македонија „преферирал да ја вика Западна Бугарија“

Балканска сељачана: Бугарски новинар Македонија „преферирал да ја вика Западна Бугарија“

Бугарскиот новинар Љубомир Огњанов покажа и докажа дека сите балкански новинарски провокатори чија примарна девиза и премиса не е објективно и коректно новинарство, туку зајадливи коментари и лути стрели, прокоментира дека „нашата земја преферирал да ја нарекува Западна Бугарија“ во разговорот со заменик-шефот на бугарската дупломатија Георг Георгиев.

Георг Георгиев изјави дека Бугарија нема да отстапи пред Македонија во спорот за историската вистина за Гоце Делчев.

Тој во интервју за емисијата „Офанзива“ на телевизијата Канал 3 посочи дека во однос на потеклото на револуционерот Владата во ништо не се разликува од кој било родољубив граѓанин на Бугарија.

За тоа дека премиерот Бојко Борисов го нарече претседателот Стево Пендаровски, северномакедонски претседател, заменикот на Захариева оцени дека тоа е ситница.

За време, на разговорот скандалозно однесување имаше и новинарот Љубомир Огњанов, кој на едно прашање го нарече Заев северномакедонски премиер, на што Георгиев му забележа дека може да биде предмет на критики.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

7 знаци дека станувате посреќни со годините (иако животот сè уште знае да биде хаотичен)

7 Знаци дека станувате посреќни со годините (и покрај хаосот којшто животот сè уште знае д…