Home Актуелно Бабата од „Партизанска“ што продава малини и лешници насилно избркана

Бабата од „Партизанска“ што продава малини и лешници насилно избркана

Видеото на Фејсбук го сподели Мартин Цветковски, а неговиот опис ви го пренесуваме интегрално, без никакви корекции:

„Пред 15 минути, бев сведок на нечовечност , нехуманост, незнам како да го наречам – Животно не е бидејќи тие имаат чувства, човек па ич , туку суштество без ниту малку жал….
Сигурно ја знаете бабичката која секој ден седи пред “Солета” на Партизанска – карши пазарот “Буњаковец” која продава малини, бадеми, лешници , ореви, и било што само за да заработи некој денар.
Кој живее во близина, работи, и поминува неможе да не ја забележал и запамтил тој мил глас кој довикува ” Ајде малини, бадеми, тазе лешници”, само за да продаде и да заработи некој денар.
Епа ова суштество во црната јакна ( незнам дали беше инспектор од негде ) заедно со неговиот колега во кафената јакна од страна ( кој само се смееше и исмејуваше на ситуацијата ), најпрвин зема и ја преврте гајбата со робата, и ја истури од торбата на женичката целата роба, ( момент кој не успеав да го фатам додека уклучам камера), дерејќи и се со секакви погрдни зборови се со цел да привлече повеќе внимание на сметка на омаловажување на оваа мирна бабичка.
Откако бабичката ги собра повторно кесите, истиот зема ги искина кесите и и ги истури БАДЕМИТЕ на целиот тротоар, а женичката зрно по зрно ги собираше !!
Не би сакал повеќе да објаснувам погледнете го видеото и ќе ви стане јасно за што зборувам….
Можеби законски не е дозволено да се продава на ваков начин…. но НЕЈЗИНИТЕ РАЦЕ СЕ ЕДНИ НАЈЧЕСНИТЕ И НАЈЧИСТИТЕ РАЦЕ …
ВО ДРЖАВАВА КРАДЕ КОЈ СТИГНЕ, А НЕКОЈ ВАКВИ КОМПЛЕКСИРАНИ СЛУЖБЕНИЧИЊА ОД 120 КГ, ЌЕ ЛЕЧАТ КОМПЛЕКСИ И СИЛА НАД ВАКВИ ЖЕНИЧКИ И БАБИЧКИ,…
Само едно прашање ме интересира:
Дали ваков начин на “храброст”,и “сила” би демонстрирал на ЗЕЛЕН ПАЗАР, ШУТКА, А КАМОЛИ БИТ ПАЗАР !….
МОНСТРУМ!“

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

20 работи за кои ќе жалите кога ќе остарите

Многу луѓе живеат со мотото дека сè се случува со причина и дека нема потреба да се жали з…