Home Шоубизнис Австрија одбележува 200 години од божиќната песна „Silent Night“

Австрија одбележува 200 години од божиќната песна „Silent Night“

Планетарно популарната божиќна песна „Silent Night“, која за божиќните и новогодишните празници се пее буквално на сите континенти, одбележува 200-годишнина од нејзиното постоење.

Годишнината ќе се слави на Бадник во црквата во Оберндорф, во близина на Салцбург, каде што прв пат била изведена во 1818 година. „Silent Night“ е преведена на скоро 300 јазици и дијалекти. Преработена и изведена е од некои од најголемите музички ѕвезди.

Капелата во Оберндорф каде што прв пат е изведена „Тивка ноќ“

Авторите на песната се Јозеф Мор, кој го напиша текстот и локалниот наставник по оркестар Франц Грубер, кој ја создаде мелодијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Хенри Кавил не ја исклучува можноста повторно да биде Супермен: Ќерка му го препознала во играчка

Хенри Кавил вели „никогаш не вели никогаш“ за можното враќање во улогата на Супермен. Акте…