Австралија VS Ѓоковиќ 2:1 во сетови – тенисерот го загуби спорот, освен поништена виза ќе мора да плати и 500.000 долари оштета


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


По 8 часа расправа, тричлениот австралиски судски совет денеска едногласно ја отфрли жалбата на Ѓоковиќ и со тоа ја потврди одлуката на австрлискиот министер за имиграција Алекс Хоук со која беше поништена визата на тенискиот рекет број 1.

Ова значи дека тој ќе биде депортиран во најбрз можен рок, но кога точно не се знае.

Судиите одлуката ја правдаат со тоа што на тој начин, се штити јавниот интерес на државата, а покрај со депортација, Ѓоковиќ може да се соочи со тригодишна забрана за влез во земјата но и мора да ги покрие судските трошоци и да плати отштета од 500.000 долари.

-Одлуките на судот се, под број еден, апликацијата за влез да се отфрли со трошоци кои ќе бидат договорени откако ќе се оцени неуспешниот договор и под број два, причини кои ќе бидат објавени во иднина.

По изрекувањето на пресудата, Ѓоковиќ изјави дека е разочаран од одлуката, но истата ќе ја почитува.

-Многу сум разочаран од одлуката да ми биде укината визата бидејќи тоа значи дека не можам да останам во Австралија и да учествувам на Австралија опен, но ја почитувам одлуката на судот и ќе соработувам со надлежните институции за моето заминување од земјава.-Новак Ѓоковиќ.

За разлика од него, австрлиските власти се задоволни од епилогот.. Хоук ја поздрави одлуката и порача дека јавниот интерес е пред се, а премиерот Морисон рече дека е време да се вратат на уживањето во тенисот..

За српскиот претседател Александар Вучиќ, пак, одлуката за укинување на визата е донесена од политички причини а целиот процес го нарече бесмислен, бидејќи Ѓоковиќ ги исполнил сите услови за влез во земјата. Му порача дека може да се врати во Србија со крената глава..

-10 дена тие го измачуваа, може да се каже дека беше и тортура бидејќи тоа беше и интелектуална и физичка тортура врз Новак Ѓоковиќ и имаше уште нешто што е всушност полошо, организиран лов на вештерки против Новак Ѓоковиќ, а тој човек немојте да заборавите го освои “Австралија Опен” девет пати и тоа беше сосема непотребно,- Александар Вучиќ.

Драмата со српскиот ас започна по неговото пристигнување во Мелбурн со медицинско ослободување од вакцинација. Откако се докажа дека имал позитвен тест во декември, во нов процес министерот за имиграција го искористи дискреционото право за поништување на визата,со образложение дека присуството на Ѓоковиќ во земјата е јавна закана, бидејќи за многумина, особено за луѓето кои не сакаат да се вакцинираат, тој е икона и пример..