Музичките ѕвезди што испишаа историја на „Греми“: Од Бијонсе до Тејлор Свифт
Бијонсе и Тејлор Свифт се меѓу ѕвездите што поставија рекорди на наградите „Греми“. Во 2023 година, со 32. трофеј во кариерата, Бијонсе стана најнаградуваната изведувачка во историјата на манифестацијата, а две години подоцна постигна уште еден историски успех со „Cowboy Carter“.