Теа Таировиќ итно оперирана: Нејзиниот тим потврди дека сега се чувствува добро
Пејачката Теа Таировиќ во текот на ноќта била итно примена во болница и оперирана поради внатрешно крвавење, објавија медиумите. Нејзиниот тим потврди дека сега се чувствува добро, но засега не открива дополнителни детали за нејзината здравствена состојба.