Зошто јапонското јаболко заслужува место во есенското мени
Со силната портокалова боја и благиот вкус, јапонското јаболко сè почесто се наоѓа покрај јаболката, крушите и дуњите. Богато е со растителни влакна, витамини и антиоксиданси, а може лесно да се вклопи во разновидна и урамнотежена исхрана.