Home Вебкафе 16.000 километри „во еден здив“: Од вчера овој е најдолгиот комерцијален патнички лет

16.000 километри „во еден здив“: Од вчера овој е најдолгиот комерцијален патнички лет

Њујорк и Сиднеј од вчера и официјално е поврзани со прилично необична авионска линија, патнички авионски лет кој ги урива сите досегашни рекорди кога се во прашање комерцијалните летови.

Авионот Боинг 787-9 во кој ќе се наоѓаат 40 патници, ќе прелета 16.000 километри без сопирање и дополнување гориво.

Персоналот и патниците морале да поминат низ посебни ментални и физички тестови за издржливост.

На првиот од три супер долги пробни летови, научниците ќе следат како патниците ќе го поднесат 19 часовниот лет.

Бројот на патници на летот од Њујорк до Синеј е ограничен за да се минимализира потрошувачката на гориво и да се овозможи авионот да прелета 16.000 километри без запирање.

Досегашниот рекорд за најдолг лет го држеше компанијата „Сингапур Еирлајнс“ за летот од Сингапур до Њујорк.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Вебкафе
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…