Живеела во приколка заедно со 320 глувци кои сама ги хранела


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Откако околните жители од местото каде што е лоцирана оваа камп-приколка во Сан Диего се пожалиле на локалните власти, службите ја посетиле единствената жителка во приколката и имале што да видат.

По разговорот со жената која живеела во приколката, тие собрале вкупно 320 глувци кои таа ги хранела. Во секој дел од приколката биле пронајдени глувци кои направиле дупки.

Се наведува дека жената која живее во приколката на почетокот имала само два глувци, а тој број со текот на времето достигнал 320.

Жената признала дека нејзината ситуација излегла од контрола, па ќе го промени местото на престојување и повеќе нема да живее во истата приколка.