Сончева и топла сабота


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Овој саботен ден носи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од четири до 13, а дневната од 22 до 28 Целзиусови степени.

Во Скопје, сончево и топло. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени. Во Маврово 21, Охрид 22, Битола 25, Кавадарци 27, Крива Паланка 24, Берово 23, Дојран 28 степени.

Продолжува периодот на претежно сончево и топло време. По одделни котлини ќе има услови за слаба утринска магла.