Аудио плеер со левитирачки звучници – нов фраерски „гаџет“ од LG


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лебдечките звучници не се најголем изум на светот. Сепак, изгледаат интересно и атрактивно да ги имате во вашиот дом. Корејскиот технолошки конгломерат LG Home Entertainment Company го претстави својот нов производ PJ9 Portable Speaker.

Звучниците едноставно лебдат над својата подлога, која се нарекува „лебдечка станица“ и тоа со помош на електромагнети. Самата станица содржи и буфер, односно засилувач на басот.

30-12-lg-levitating-speaker2

„Последниот наш додаток од серијата премиум безжични аудио уреди не само што пренесува звук, туку е и пријатен за око, со што LG покажа дека секогаш го прифаќа предизвикот да претстави нешто ново и свое“, вели Брајан Квон, извршен директор на Компанијата.

30-12-lg-levitating-speaker1

Батеријата на звучникот со својата моќност овозможува и до 10 часа непрекинато работење на самиот уред. Истиот ќе биде официјално пуштен во продажба на 8 јануари. Засега нема информации колку ќе чини.