Ариго Саки: Умре кралот од Каталонија, Европа ќе добие нов владетел!

FLORENCE, ITALY - MARCH 23: Italian Football Youth Coordinator Arrigo Sacchi during a training session ahead of their EURO 2012 qualifier against Slovenia at Coverciano on March 23, 2011 in Florence, Italy. (Photo by Claudio Villa/Getty Images) *** Local Caption *** Arrigo Sacchi

Викенд најава - Најинтересно во Серија А! ↓↓↓



Легендарниот италијански стратег, Ариго Саки смета дека ерата на Барселона е завршена и дека сега друг клуб ќе владее во европскиот фудбал.

Ариго Саки предизвика лавина реакции со интервјуто кое го даде за „Газета дело Спорт“, а во кое јасно прецизира дека дебаклот кој го доживеала Барселона во Париз значи умирање на фудбалскиот крал во Европа.

„Умре фудбалските крал од Каталонија, умре Барселона. Сега има еден друг клуб кој ќе владее во Европа, тоа е Реал Мадрид. Има и други тимови кои можат да дојдат до тронот, меѓу нив би го сместил и Јувентус кој изгледа навистина силно“, смета Ариго Саки.

„Веќе подолго време, Барселона не е Барселона. Лесно ги победуваат малите тимови, но се мачат со силните. Повеќе не го гледаме оној амбициозен, организиран и агресивен тим на кој се восхитувавме 10 години, кој прикажуваше прекрасни партии. Тие делеа фудбалски лекции низ целиот свет. Но тоа сега е завршено“, заклучи легендарниот тренер.