Home Наука и техонологија Apple развива сопствена „5G“ антена за новите iPhone модели

Apple развива сопствена „5G“ антена за новите iPhone модели

Технолошкиот гигант Apple оваа година воведува „5G“ во нивниот нов модел на iPhone со „Qualcomm X55“ моделот.

Но, според извештаите од компанијата, Apple цели кон тоа да ја ограничи својата зависност од „Qualcomm“, па има намера да корисни сопствена „5G“ антена.

Проблемот наводно е во големината на „Qualcomm“ антената, посебно онаа за побрзата „mmWave“ верзија од „5G“ мрежата, која е преголема во однос на големината на новиот iPhone модел.

Заради тоа Apple развива своја антена која повеќе ќе одговара на дизајнот на iPhone.

Антените со „mmWave“ технологија се посебно важни со оглед на слабиот домет на ултрабрзата безжична технологија. На телефоните со „5G“ мрежа им се потребни неколку „mmWave“ антени за да се обезбеди добра поврзаност.

Сè уште не е сигурно дали Apple ќе користи свои „5G“ антени, но тоа е сигурно една од опциите.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Туморот престанал да се развива кај сите вакцинирани пациенти – BioNTech претстави лек против рак

Германската компанија Biontech (BioNTech) во моментов ги зголемува надежите во борбата про…