Сончев и релативно топол вторник


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И овој февруарски вторник во Македонија ќе имаме претежно сончево и релативно топло време, со слаб до умерен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус два до три степени, а дневната температура од 11 до 19 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура ќе достигне до 16 степени. Маврово 11, Охрид 14, Битола 16, Крива Паланка 15, Берово 16, Кавадарци 17, Дојран 19.

Од утре облачноста ќе се зголемува (дневни темпераатури од 8 до 16 степени), а под влијание на влажен бран во текот на ноќта и во четврток ќе има врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на некои повисоки места. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне.