Apple откри кога ќе ги претстави новите модели на iPhone, Mac и други новитети


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На конференцијата закажана за 22 јуни оваа година, технолошкиот гигант Apple ќе ги претстави новите модели на iPhone, Mac и уште многу други новитети кои ќе пристигнат од нивната производствена линија.

Конференцијата ќе започне на 22 јуни. Тоа вооедно ќе биде и датумот на главниот настан во Калифорнија на кој се прикажуваат новите ажурирања и софтвер, пишува Independent.

Аpple за прв пат ќе биде домаќин на овој настан, а програмерите ќе го следат настанот од дома поради пандемијата предизвикана од коронавирусот.

„WWDC20 ќе биде најголемиот настан на кој ќе споделиме нови информации за плановите на Apple. Едвај чекаме со програмерите од целиот свет да ги споделиме сите алатки на кои работевме досега за да им помогнеме да создадат уште поневеројатни апликации и услуги, вели шефот на маркетинг на Apple“, Фил Шилер.

Apple во иднина ќе ги споделува сите информации преку Apple Developer апликацијата, наведува компанијата.