Виена си постави цел да стане прв европски град целосно покриен со 5G мрежа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Питер Ханке, член на одборот за дигитализација во Австрија, ја објави целта која си ја постави австриската престолнина Виена – да стане првиот град во Европа целосно покриен со 5G мрежа. Проектот вреди 20 милиони евра.

„За Виена како најдобар град за живот е неопходна добра понуда на комуникациски технологии. Со ширењето на широкопојасната мрежа со помош на оптичка технологија, мобилната комуникација е едно од основните обележја на извонредно место за живот и современа деловна локација со најнови технологии. 5G е најнова генерација на мобилна мрежа и мобилниот интернет станува сè поважен. Тоа го забележуваме и сега за време на кризата. Затоа го поддржуваме брзото ширење на 5G мрежата во Виена со 20 милиони евра”, рекол Ханке.

„Дигитализацијата е денес поважна отколку претходно и може да нѝ помогне полесно да ја надминеме оваа криза”, нагласува Маркус Граусам, директор на “A1 Telekom Austria Group”.

„Добро развиените, стабилни широкопојасни мрежи се основа за искористување на дигиталниот потенцијал, а 5G е клучна технологија за дигитализација на деловните локации. Кон почетокот на годината започнавме со најголемата 5G мрежа, во Виена веќе постојат 60 локации. За понатамошното ширење, новата програма за финансирање е важен придонес за 5G стратегијата и дигиталната иднина”, додал Граусам.

Програмата за финансирање вклучува антенски јарболи кои ќе започнат со работа помеѓу 1 јули 2020 и 30 јуни 2022 година. Ова временско ограничување дава поттик брзо да се имплементираат инвестициите во 5G мрежата во Виена и на тој начин да се направи важен чекор во правец на целосна покриеност пред тоа да го сторат другите градови.