Анри: Дали јас го менувам Венгер? Не можам да зборувам за тоа!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Легендарниот фудбалер на Арсенал, Тиери Анри изјави дека не може да ја демантира можноста да го наследи Арсен Венгер на местото менаџер на „топџиите“.

И покрај лошите резултати и незадоволството на навивачите, раководството му понуди нов, долгогодишен договор на Арсен Венгер, кој сеуште ја нема донесено конечната одлука.

Во меѓувреме англиските медиуми тврдат дека Анри е главен кандидат на синот на сопственикот Стен Кренке, кој е во управниот одбор на Арсенал.

Анри минатата година работеше со младите категории на „топџиите“, а моментално е помошник на Роберто Мартинез на клупата на Белгија.

„Не зависи се од мене, постојат некои работи кои треба да се почитуваат, тоа е клубот на моето срце. Моето име се споменува меѓу кандидатите за наследник на Венгер, го слушнав тоа. Но, тешко ми е сега да зборувам за тоа, имам голема почит за се што направил тој човек за мене и клубот“, изјави Анри.

„Дали сум спремен? Не знам и никој не знае, но знам дека морам да го научам тоа што е можно поскоро бидејќи сакам да правам тренерска кариера“, додаде Французинот.