Анри: Ако Нејмар сака да излезе од сенката на Меси треба да го смени спортот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендата на Арсенал и европскиот фудбал, Тиери Анри имате интересен коментар на адреса на најскапиот фудбалер на светот, Нејмар.

Според Анри, тоа што Нејмар заминал од Барселона не е доволно за да може да излезе од сенката на аргентинскиот „волшебник“, Лео Меси.

„Не знам дали Нејмар си замина од Барселона за да избега од сенката на Меси. Вистината е дека сите фудбалери на светот се во сенка на Меси. Ако Нејмар сака да избега од неговата сенка, треба да го смени спортот“, изјави Анри.