Спорт

Англија го избра новиот селектор!

Два месеци после заминувањето на контроверзниот Сем Алардајс, Англиската федерација конечно најде трајно решени за селекторската функција.

Имено, вршителот на должноста селектор на Англија Гарег Саутгејт следната недела ќе биде назначен на функцијата за постојано, открија англиските медиуми.

Според угледниот „Телеграф“, тоа ќе се случи веднаш по пријателскиот натпревар против Шпанија идната недела кој ќе биде последен меч за англиската репрезентација оваа година. Уште кога беше ангажиран Саутгејт, беше објавено дека тој ќе ја води репрезентацијата до крајот на годината, а потоа ќе се бара перманентно решение.

Според „Телеграф“, единствено понижувачки пораз од Шкотланѓаните може да ја поколеба управата на Фудбалската асоцијација на Англија и да се дојде до друго решение.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

To Top