Анчелоти: Ако не ја поминеме групата ќе испаднеме глупаци!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти на доста интересен начин го опиша евентуалниот неуспех во групата во Лига на шампиони.

Иако многумина му даваа мали шанса да ја помине групата, Наполи сега го дели првото место со Ливерпул, а утре ја пречекува Црвена Звезда на свој терен.

„Целта ни е да ја поминеме групата. Не е важно дали тоа ќе се случи после ова или после другото коло. Многумина се изненадени од тоа што успеавме да им се спротиставиме на големите клубови. Ако не успееме да ја поминеме групата при ваква ситуација ќе испаднеме големи глупаци“, изјави Анчелоти.

„Италијанскиот фудбал се развива, а Наполи го има еден од најголемите италијански таленти, Инсиње. Не треба да ја потцениме Црвена Звезда, видовме како помина Ливерпул. Но, утре ги сакаме трите бода по секоја цена“, додаде искусниот стратег.