„Анатомијата на едно убиство“ – ѕверство кое потресува до најсредето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред два и нешто месеци, во Африка, беше снимено морбидно и потресно видео на кое група војници низ пустински предел водат со себе две жени со нивните две деца, им ги врзуваат очите, ги клекнуваат на земја и ладнокрвно ги убиваат со 22 истрели во нивните тела.

Потресени и мотивирани да дознаат што повеќе за овој крвнички чин и случај, од ВВС решаваат да го истражуваат самото видео од сите аспекти и преку сите можни детали и фактори кои се видливи и достапни на него, за што повеќе да дознаат за случајот.

Дознаваат скоро сè (или скрос сè), дури и деталот дека ѕверскиот и грозоморен чин е изведен со српско оружје „Zastava M21“ кое го користи војската на Камерун.