АМСМ: Сообраќајот се одвива непречено, наместа по влажни коловози


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сообраќајот на државните патишта се одвива на места по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Од 15 ноември стапи во сила законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, а сезонски е затворен патот Трпејца – Царина низ националниот парк Галичица.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.