Видео од полициската акција во Прилеп и Битола


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Министерството за внатрешни работи во координација со Управата за јавни приходи ноќеска спроведе контрола на повеќе угостотелски објекти во Прилеп и Битола, но, како што велат од МВР, и на други места.

Како што пренесува „Макфакс“, полицијата започнала со проверки од 22 часот, а се проверувале кафулиња, дискотеки, ресторани и барови за нелегално точење алкохол на малолетници, непочитување на законот за пушење и неиздавање фискални сметки.

Од МВР не откриваат во колку локали досега се забележани неправилности во работата. Повеќе детали се очекуваат во текот на денешнот ден.
Минатиот викенд МВР спроведе акција во Скопје по што 13 локали беа затворени.