Американската „Модерна“ има развиено вакцина за КОВИД-196 со ефикасност од 94,5%


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вестите дека американската фармацевтска фирма „Модерна“ има развиено високо ефективна вакцина за Ковид-19 се „прилично охрабрувачки “, но потребни се повеќе податоци, вели главниот истражувач на Светска здравствена организација (СЗО), Сумја Сваминатан, пренесува Дојче Веле.

„Учесниците во испитувањето треба да се следат уште два месеци за можни несакани ефекти“, рече таа на прес-конференција во Женева. Според неа, остануваат уште многу прашања за производот на „Модерна“, како и за ривалскиот кандидат за вакцини „Фајзер“, којшто исто така се покажа дека е многу ефикасен во испитувањата. Таа укажува дека треба да се знае повеќе за тоа колку време заштитуваат овие вакцини од коронавирус, до кој степен спречуваат тешки случаи на Ковид-19 и какво влијание имаат врз постарите луѓе.

Вакцината на „Модерна“ за Ковид-19 ќе биде лесна за дистрибуција, особено во руралните области, бидејќи може да се чува еден месец на стандардни температури во фрижидер, изјави директорот на американската програма за вакцинација Метју Хепберн. Коментарите на Хепберн следат по објавувањето на резултатите од клиничката студија во доцна фаза, која покажа дека експерименталната вакцина е ефикасна во спречувањето на Ковид-19 со 94,5 проценти.

„Модерна“ исто така најави дека нејзината вакцина се очекува да биде стабилна при стандардни температури во фрижидерот од 2 до 8 степени Целзиусови за 30 дена, во споредба со претходната проекција до седум дена. Вакцината на „Фајзер“, пак, мора да се испрати и чува на ултра ладни температури или на сув мраз и може да трае до пет дена на стандардна температура во ладилникот.

Минатиот понеделник „Фајзер“ ги објави првичните податоци за својата вакцина изработена со германскиот партнер „Бионтек“, што исто така покажува дека е повеќе од 90 проценти ефикасна. И „Фајзер“ и „Модерна“ за вакцините користат нова технологија за активирање на имунолошкиот систем против вирусот.