Алармантна ситуација: Во Скопје прогласена епидемија на мали сипаници


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После регистрирањето на 12 новозаразени лица со мали сипаници, од Министерството за здравство прогласија епидемија на морбили во рамки на подрачјето на градот Скопје. Сите 12 новозаразени лица не биле вакцинирани.

Од 12-те нови случаи, шест се потврдени, а другите шест имаат типична клиничка слика. За нив од Министерството дополнителни информации најавија за утре.

Како дел од мерките што денеска на прес-конференција ги најави министерот за здравство Венко Филипче, се задолжителната вакцинација на невакцинирани деца со МРП, како и забрана за носење невакцинирани деца во градинките.