Home Актуелно Шок во Мексико: Градоначалник убиен веднаш по полагањето на службената заклетва

Шок во Мексико: Градоначалник убиен веднаш по полагањето на службената заклетва

Врз новоизбраниот градоначалник на мексиканскиот град Тлахијако, Алехандро Апарисио Сантјаго, беше извршен смртоносен атентат веднаш откако положил заклетва. Во убиствениот напад беа повредени и 4 други лица.

Обвинителството соопштило дека Апарисио Сантијаго после полагањето заклетва тргнал на состанок во градското собрание, кога непознат број на напаѓачи пукале во него, пренесува Associated Press.

Тој бил префрлен во болница, каде подоцна починал.

Гувернерот на сојузната мексиканска држава Оахака, Алехандро Мурат потврдил на твитер дека градоначалникот на Тлахијако е убиен.

Мурат ветил темелна истрага и навел дека осомничените за убиството се уапсени.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…