Home Шоубизнис Актерската ѕвезда од култниот хорор филм „Прстенот“ пронајдена мртва под мистериозни околности

Актерската ѕвезда од култниот хорор филм „Прстенот“ пронајдена мртва под мистериозни околности

40-годишната јапонска актерка Јуко Такеучи, која стекна светска слава со улогата во култниот хорор филм „Прстенот“, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во Токио.

Полицијата започнала истрага, а според пишувањето на медиумите, оваа наградувана актерка, мајка на две деца, најверојатно извршила самоубиство.

Телото на актерката го пронашол нејзиниот сопруг, исто така актер, Таики Накабајаши, а лекарите во болницата можеле само да ја констатираат нејзината смрт, пренесуваат медиумите.

Такеучи беше позната актерка во Јапонија, а најпозната нејзина улога е во јапонскиот хорор филм „Прстен“ од 1998 година. Таа се здоби со светска популарност во 2018 година, играјќи во серијата „Мис Шерлок“ во продукција на ХБО.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Филипинската полиција му се извини на полубратот на Меган Маркл по апсењето на нивниот татко

Филипинската полиција, според извештаите, му се извинила на Томас Маркл Помладиот откако г…