Home Актуелно Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва во центарот на Скопје

Актерката Билјана Беличанец пронајдена мртва во центарот на Скопје

Актерката и бвиша градоначалничка на Општина Кисела Водa Билјана Беличанец синоќа била пронајдена мртва, пренесе порталот СакамДаКажам повикувајќи се на извори од МВР.

„Неофицијално, од извори на истрагата дознаваме дека е најдена обесена во бања во стан во центарот на Скопје. Смртта ја пријавил член на семејството околу 22.40“, објави порталот СДК.

Беличанец беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017. Нејзини последни претстави се “Господа Глембаеви”и “Последните Македонци” во матичниот Драмски театар.

Препознатлива беше по улогата на Туфи во серијалот за деца „Здраво генијалци“ од 90тите, како и натсинхронизацијата на ликот на Хурем Султан во серијата „Сулејман Величествениот“.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Зад себе остави две малолетни деца кои го имаше од првиот брак со стоматолог од Скопје. Неодамна се омажи по втор пат со режисерот Сашо Миленковски.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …