70 години немаше каснато пица, повторно проба на 94 години – еве ја причината за тоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


94-годишна баба повторно проба пица по цели 70 години, кога се заколнала дека нема да јаде италијанска пица откако нејзиниот сопруг бил уапсен од страна на фашистичкиот диктатот Бенито Мусолини.

Бабата пред 70 години се заколнала дека нема да проба никаква италијанска храна поради тоа што нејзиниот сопруг, за време на владеењето на италијанскиот диктатор Бенито Мусолини, бил уапсен и држен во затвор скоро 3 години.

Но откако доживеала мозочен удар во јануари, бабата решила дека е време да ја прекине оваа забрана, и пробала хавајска пица (шунка и ананас) и зјавила дека не и се верува дека толку време се воздржувала од толку вкусна храна.

Нејзиниот сопруг се приклучил кон Британската војска на 18 години. Тој бил заробен од германската армија во Северна Африка во 1942 година. Тој бил во затвор два години во Германија и подоцна префрлен една година во затвор во Италија.