Ако нема датум за рестартирање, Југохром ќе отпушта вработени


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Југохром најавува отпуштање на вработените доколку Владата не одреди датум за започнување на работата на комбинатот. Директорот на овој комбинат Васко Скендеровски изјави дека одлуката за отпуштање на вработените ќе се донесе во текот на оваа недела. Од друга страна, вработените во Југохром бараат средба со премиерот Емил Димитриев.

За жал не можеме ниту од економски, ниту од финансиски аспект да ги задржам сите, тоа го знае и синдикатот бидејќи сме разговарале и со нив. Има надеж, доколку оваа влада или некоја нова влада одлучи согласно законот да се продолжи рокот за работа за категоријата А кој може да биде до април 2019 година и доколку се одреди некој датум каде што можеме да почнеме со работа, можеме да најдеме заеднички јазик со синдикатот во спротивно за жал ќе заврши оваа приказна дека Југохром иако не работи ги задржува на работа сите вработени, изјави Васко Скендеровски.
Министерот за екологија Башким Ахмети за Алсат изјави дека тој е подготвен да се сретне со вработените во Југохром“ Државниот инспекторат за екологија завчера ја продолжи забраната за работа на овој комбинат за уште 90 дена.