Home Живот и здравје Ах бе, мажи, мажи…

Ах бе, мажи, мажи…

Супстанцијата што ги израмнува брчките – ботоксот станува се популарен кај мажите, пишува „Дејли Меил”.

За мината година, бројот на мажите кои се одлучиле за ботоксна инјекција пораснал за 9,9 отсто, односно вкупно 453.281 клиенти, покажува последното истражување на Американското друштво на естетски хирурзи.

Пластичните хирурзи се почесто работат со мажи, кои како мотиви ги наведуваат младешкиот изглед, подобриот впечаток кај жените, сопруги, пријателки, или просто – при интервјуа за работа. Не се малку и оние кои имаат неколку децении помлада девојка, та сакаат да и „парираат“ со младоликост.

И, бидејќи машките клиенти се се повеќе, лекарите веќе осмислуваат посебни процедури за посилниот пол.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Живот и здравје
Comments are closed.

Check Also

Канабис: 3 неочекувани промени што ги носи како што стареете

За канабисот денес се зборува повеќе од кога било – од медицинска употреба до промен…