Агентот на Салах се насмеа на гласините за Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпекулациите дека Мохамед Салах бил предложен на Барселона како алтернатива на Антоан Гризман беа категорично демантирани од агентот на играчот – Рами Абас Иса.

Вчера шпански „AS“ излезе со информација од свои извори, според кои претставници на ѕвездата на Ливерпул се сретнале со официјални лица од „Камп Ноу“ и спровеле разговор за евентуален трансфер на Салах, кој бил подготвен да премине во Барселона.

Меѓутоа, неговиот агент Рами Абас Иса денес категорично демантираше преку Твитер: „Тоа никогаш не се случило. „АС“ имате потреба од подобри извори“.