Home Актуелно Франција ги исфрла мобилните телефони од училиштата

Франција ги исфрла мобилните телефони од училиштата

Децата зависни од мобилни телефони ќе мораат да одат на училиште без нив на основа на законот, кој министерот за образование го нарече „мерка на одвикнување“.

Партијата на францускиот претседател, Емануел Макрон, се надева дека законот ќе биде изгласан пред почетокот на новата учебна година во септември.

Повеќе од 90% од децата постари од 12 години имаат мобилен телефон во Франција, пренесува Ројтерс.

„Мобилните телфони се технолошка предност, но не можат да го монополизираат нашиот живот“,истакна министерот за образование, Жан Мишел Бланке.

„Не можете да го пронајдете својот пат во светот на технологијата ако не умеете да читате, пишувате, броите, почитувате други и работите како тим“, истакна тој.

Владејачката партија поднесе амандман на основ на кој без телефони би требало да бидат и професорите, на што министерот за одбрана реагираше со став дека мисли дека тоа не е неопходно.

Од професорскиот синдикат, УНСА, Стефан Кроше истакна дека тоа е навреда за возрасните и дека претставува безбедносен ризик.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Интересни велигденски традиции од целиот свет

Интересни велигденски традиции од целиот свет Набргу ќе го прославиме Велигден, еден од на…