ФИФА ранг листа: Македонија со најдобар пласман во последните девет години


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа забележа скок од шест позиции.

Сениорската репрезентација на Македонија на последното рангирање на ФИФА забележа скок од 77 позиција на 71 место.

За нашата селекција ова е најдоброто рангирање во последните девет години.

Македонија иако не одигра ниту еден натпревар сепак забележа добар скок, а овој момент на 71 позиција имаме собрани 451 поен. Eдна позиција пред нас се наоѓа домаќинот на претстојниот Мундијал, селекцијата на Русија.

Во врвот на ФИФА ранг листата нема промени: Светскиот шампион Германија е лидер, па потоа следуваат Бразил, Белгија, Португалија, Аргентина, Швајцарија, Франција, Полска, Чиле и Шпанија.