Home Спорт Адвокатот на Роналдињо: Тој е наивна будала, не знае што прави!

Адвокатот на Роналдињо: Тој е наивна будала, не знае што прави!

По скандалот со апсење на Роналдињо, најверојатно тој и неговиот брат ќе останат во притвор во Парагвај откако двајцата беа уапсени поради фалсификувани пасоши.

Додека се чека да се отвори судски процес, двајцата ќе бидат задржани во притвор, а сега се огласи и адвокатот на славниот фудбалер.

Тој е наивна будала. Не знае што прави и не го сфаќа прекршокот што го направи. Роналдињо и неговиот брат не знале дека му се дадени лажни документи, изјави адвокатот Адолфо Марин.

Тој, исто така, рече дека судијата не го почитува фактот дека Роналдињо е татко и наместо да биде со неговиот син, кој денеска слави роденден, тој дава изјави пред судот во Парагвај.

Вториот адвокат, Ектор Касерес истакна дека наскоро ќе има состанок на кој ќе се разгледуваат наредните чекори за одбрана на славниот бразилски фудбалер.

„Роналдињо направи се, соработува и заслужува да биде пуштен во домашен притвор“, нагласи Касерес.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …