Кога станува збор за парчиња кои изгледаат скапо без впечатливи логотипи, токму ваквите модели ја освојуваат модната сцена.
Новата кожна чанта од Мангo стана еден од најпосакуваните high-street улови бидејќи совршено ја следи естетиката на тивкиот луксуз – софистициран стил кој избира квалитет, минимализам и безвременска елеганција.
На прв поглед, освојува со плетената текстура која изгледа рачно изработена и ѝ дава луксузна, богата димензија. Длабоката чоколадна нијанса е навистина освежувачко отстапување од класичната црна, а притоа се вклопува со речиси сè – од бели ленени комплети до комбинации со тексас и елегантни фустани.
Нејзината најголема предност е што изгледа многу поскапо отколку што е. Чистите линии, дискретниот дизајн и квалитетната изработка ја прават чанта која без проблем преминува од дневен во вечерен стил. Наутро се комбинира со палто и мокасини, навечер со сатенска сукња и сандали.
Модата оваа година јасно кажа: помалку е повеќе. А оваа чанта од Мангo е совршен доказ дека не е потребен голем лого за целиот аутфит да изгледа луксузно.