Home Актуелно Франција ќе потроши 200 милиони евра во уништување залихи на вино

Франција ќе потроши 200 милиони евра во уништување залихи на вино

Владата на Франција ќе издвои 200 милиони евра од својот буџет за уништување на вишокот вино и поддршка на произведувачите.

Таа гранка од индустријата е погодена од многу проблеми, вклучувајќи пад на побарувачката за вино бидејќи сè повеќе луѓе пијат занаетско пиво.

Проблем претставуваат и прекумерните вина како и сè поголемите трошоци за живот, пренесува Би-би-си.

Затоа лозарите ќе добијат пари и за преминување на производство на други производи, како маслинки.

Поголемиот дел од издвоените пари ќе биде искористен за купување на вишокот залихи.

Алкохолот ќе се продава за правење средства за дезинфекција и чистење, како и за правење парфеми.

Од 200 милиони евра, 160 се издвоени од средства на Европската Унија.

Податоците на Европската комисија до јуни покажуваат дека потрошувачката на вино опаднала за седум отсто во Италија, 10 отсто во Шпанија, 15 отсто во Франција, 22 отсто во Германија и 34 отсто во Португалија, додека производството на вино во цела ЕУ пораснало за четири отсто.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Најдраматичните љубовни приказни на познатите кои нема да ве остават рамнодушни

Во светот каде љубовта често изгледа како совршена бајка, постојат приказни кои не само шт…