Фатил девојче кое паднало од петти кат и му го спасил животот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Банкарот од Торино Матијас Агуци е прогласен за херој откако успеа да фати тригодишно девојче кое паднало од балкон на петти кат.

Матијас Агуци раскажа дека тој и неговата девојка оделе до продавница за леб во центарот на Торино кога слушнале маж како вика за помош од стан на горниот кат.

Излегов со девојка ми да купам леб и слушнавме вресоци од зградата кои ни го привлекоа вниманието, изјави Агуци пред болницата каде што беше прегледан поради полесни повреди, пренесува Си-ен-ен.

Слушнав како човек вреска кога го виде девојчето потпрено на оградата. Девојчето се повеќе се навалуваше и се качуваше преку работ, држејќи се со рацете, а нозете и беа во воздух, изјави Агуци.

Тој изјави дека викал за да се обиде да ѝ го привлече вниманието на девојчето и да ја спречи да ползи понатаму, но кога сфатил дека не го слуша, ја пресметал нејзината траекторија и застанал под терасата.

Почнав да ѝ викам да остане мирна и да се врати внатре, но таа не слушна. Кога ја видов како паѓа, ѝ застанав на патот, ги затворив очите и се надевав на најдоброто, го ублажив нејзиниот пад и двајцата паднавме на земја, рече тој.

Тој додаде дека на почетокот не чувствувал знаци на живот кај девојчето, а потоа таа почнала да плаче по што тој воздивнал.

Агуци изјави дека девојчето е „добро“.

Градоначалникот на Торино, Стефано Ло Русо, повика да му се оддаде почит на Агуци, опишувајќи го неговиот гест како „херојски и извонреден“.

Италијанската премиерка Џорџа Мелони му се заблагодари на Агуци, додавајќи дека приказната за девојчето кое паднало од балкон на петти кат можела да се претвори во трагедија, но благодарение на Агуци нејзиниот живот е спасен.

„Голема чест и благодарност до овој млад херој“, напиша Мелони на платформата Х (Твитер).

Истрага за околностите на инцидентот е во тек.