Home Спорт Наводна изјава на првиот човек на Ал-Наср: Два пати ме измамиле во животот – еднаш за три ќебапи и еднаш за Роналдо

Наводна изјава на првиот човек на Ал-Наср: Два пати ме измамиле во животот – еднаш за три ќебапи и еднаш за Роналдо

Кристиано Роналдо на почетокот на оваа година го напушти највисокото ниво во европскиот фудбал и замина во Саудиска Арабија во Ал Наср каде што заработува околу 200 милиони евра.

На 14 натпревари за Ал Наср постигна 11 голови, но неговиот тим испадна од купот, а тешко дека ќе дојде и до лигашката титула. Сето тоа го натерало претседателот на клубот Мусаил Ал-Муамар да ја критикува португалската ѕвезда.

За него посебно болно е испаѓањето од купот, па медиумите пренесуваат изјава која наводно тогаш ја дал за арапските медиуми.

„Во животот само двапати ме измамиле. Првиот пат кога нарачав три кебапи, а добив два. Втората измама е потпишувањето на Кристијано Роналдо со клубот“, наводно изјавил Ал-Муамар.

Сепак останува отворено прашањето дали оваа изјава, која ја пренесува и „Мундо Депортиво“ навистина билка кажана.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…