Home Актуелно Македонски државјанин убиен од 14-годишно дете на Сончев брег

Македонски државјанин убиен од 14-годишно дете на Сончев брег

Државјанин на Македонија беше убиен на Сончев Брег, Бугарија, пренесуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата.

Од бугарската полиција велат дека во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата било пронајдено во шумски предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.

По увидот на полицијата, било утврдено дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин, а убиецот е 14-годишно дете од Несебар.

Убиството е извршено со прободување со остар колец, причините се истражуваат.

Убиецот е во притвор.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Актуелно
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…