Home Шоубизнис Џордан Питерсон тврди: Роналдо се соочува со лични проблеми

Џордан Питерсон тврди: Роналдо се соочува со лични проблеми

Познатиот психолог Џордан Питерсон откри дека Кристијано Роналдо побарал помош од него.

Роналдо неодамна објави слика со Канаѓанецот, но не откри детали за нивната средба. За истата сега тој зборуваше во емисијата на Пирс Морган.

Питерсон откри дека Роналдо се соочувал со проблеми во животот и очекувањата за иднината како што доаѓа пред крајот на кариерата.

„Пред неколку месеци имаше проблеми во животот. Негов пријател му испратил мои снимки, тој ги гледал, а потоа ја прочитал и мојата книга, па сакаше да разговаравме. Разговараме два часа, ми ја покажа опремата која ја користи за да остане во форма.

Зборувавме за неговите фирми и во главно што очекува во иднина и пречките со кои се соочува“, изјави Питерсон нагласувајќи дека повеќе не смее да открива.

Вчитај повеќе поврзани статии
Load More In Шоубизнис
Comments are closed.

Check Also

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа силна порака до младите девојки

Дуле Савиќ за снаата и семејните вредности: Мирка испраќа важна порака до младите девојки …