Свирежите на бугарската химна и условната казна за Ламбе се проблем за бугарското МНР


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, во денешната изјава за медиумите порача дека не би сакал да го разгорува жарот и дека некои теми треба да се затворат, притоа наведувајќи го фудбалскиот меч меѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија на која беше исвиркана бугарската химна и шестмесечната условна казна за пејачот Ламбе Алабаковски за палењето на вратата на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола. Милков оцени дека настаните на фудбалскиот меч се говор на кој говореле македонски политичари.

Според Милков, како што пренесе МИА од Софија, овие два настана откриваат „структурен проблем за правата на Бугарите во Северна Македонија“

Милков рече дека казната за Алабаковски е најлесната можна и додаде дека тој очекувал построга казна имајќи предвид дека законот предвидува затвор од 6 месеци до 5 години. „Сепак, тоа е одлука на независниот суд во Северна Македониј“, рече тој.

„Двете дела извршени во текот на неделата се дела на омраза, тие испраќаат порака и до народот на Република Северна Македонија и до Бугарија и таа не е позитивна. Треба да се обрне внимание на тоа дека јазикот што е користен на натпреварот, е јазик што го користеле политичарите. Ова е слика на обиди за еродирање на досега постигнатите договори и им покажува на граѓаните на Република Северна Македонија каде стои земјата во однос на преговарачкиот процес со ЕУ Обидите за слободно толкување на францускиот предлог и создадената атмосфера во Република Северна Македонија не го фаворизираат процесот. Има долг пат да се изоди“, коментира министерот за надворешни работи на Бугарија.