Home Спорт Емотивната порака која Надал ја испрати до Федерер по повод неговото повлекување од тениските натпревари

Емотивната порака која Надал ја испрати до Федерер по повод неговото повлекување од тениските натпревари

Рафаел Надал испрати емотивна порака до своот пријател и ривал Роџер Федерер, откако Швајцарецот најави дека се пензиоира.

Федерер оди во пензија по настап на Лејвер купот следната недела, а досега во кариерата освои 103 трофеи од кои 20 се Грен слем титули.

Федерер и Надал одиграа голем број дуели, нивното ривалство е историско, па Шпанецот испрати емотивна порака.

„Драг Роџер, мој пријател и ривал. Посакував овој ден никогаш да не дојде. Ова е тажен ден за мене лично и за сите љубители на спортот низ целиот свет. Ти го кажав тоа кога зборувавме и сега е тука. Беше вистинско задоволство, но и привилегија и чест да се споделат овие години со тебе, толку неверојатни моменти на теренот и надвор од него. Ќе имаме многу моменти во иднина кои ќе ги правиме заедно, го знаеме тоа. Засега, ти посакувам среќа со твојата сопруга Мирка, со твоите деца и твоето семејство и да уживаш во тоа што е пред тебе. Ќе се видиме во Лондон на Лејвер купот“, напиша Надал.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Имаше многу жени, а само две ги бакна јавно: Чола во љубовта се држеше до едно правило

Познат како заводник, но која е вистината – кого го сакал Здравко Чолиќ? Здравко Чолиќ со …