„Кој ќе отслужи 6 месеци е слободен, ако дезертира ќе биде ликвидиран“ – вака „Вагнер“ регрутира руски затвореници да се борат во Украина (снимка)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поради недостиг на регуларно обучени војници и доброволци кои би можел да ги мобилизира за војната во Украина, Кремљ излегува со нова тактика.

Видео од главниот финансиер на озлогласената група „Вагнер“, Евгениј Пригожин како врбува група затвореници да учествуваат во војната, ветувајќи им слобода по шест месеци се прошири по медиумите.

„Никој не се враќа назад зад решетки. Ако добро служите во следните шест месеци, слободни сте. Ако пристигнете во Украина и решите дека ова не е за вас, тогаш ќе ве ликвидираме“.

Се вели дека финансиерот на „Вагнер“, Пригожин, е доверлив човек на Путин, а неговиот однос со воените блогери може да помогне да се одржи поддршката на тие воени блогери за воените напори на Кремљ. Тој е етаблиран како заштитно лице на руската „специјална воена операција“ во Украина, пишуваат западните медиуми.