Home Спорт Нова победа на Калин Ивановски за четвртфинале на турнирот во Монстаир

Нова победа на Калин Ивановски за четвртфинале на турнирот во Монстаир

Македонскиот тенисер Калин Ивановски и денеска ја продолжи одличната серија во Тунис.

Ивановски денеска запиша уште еден триумф против Сирил Вандермереш со 2:1 во сетови, 5:7, 6:2 и 6:4 и така се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Монстаир.

Третиот носител на турнирот го освои првиот сет, а потоа следуваше доминација на македонскиот тенисер. Во вториот сет Ивановски беше убедлив и го доби со 6:2, додека во третиот Вандермерш се доближи до 4:5, но на крајот сепак Ивановски на свој сервис го приведе мечот кон крајот.

Ова е втора победа за Ивановски против Вандермереш претходно го победи на првиот турнир кога обезбеди место во финалето и го освои тој турнир. Во четвртфиналето Ивановски ќе игра против Метју Делаведова и тој е познат ривал за Македонецот, со него резултат 1:1 во два меча.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…